Волонтери на Црвен крст Штип, кои се ученици во средното медицинско училиште СОУ ,,Јане Сандански’’, како идни медицински лица денеска беа во улога на персонални асистенти на лица со попреченост на видот во поодмината возраст, кои немаат свои блиски кои би им помогнале во извршување на секојдневните рутински обврски.
Секретарот на ОО Црвен крст – Штип, Викторија Милановска рече дека дека хуманите асистенти на Црвен крст Штип, по посетата на лицата во нивните домови и рутинската проверка на крвен притисок и шеќер во крвта, им ги набавие потребните прехранбени продукти, како и препишаните лекови и инсулински пенкала.
-Нашите асистенти еднаш неделно им се на располагање на овие луѓе, а покрај логистичката помош, им пружаат и дружба, имајќи предвид дека овие лица токму неможноста за социјализација ја посочија како еден од најголемите проблеми во третото доба од животот, изјави Милановска.
Проектот „Клиника на хумани вредности“ се реализира во рамки на годинашниот циклус на Националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.