Искачување на четири планински врвови од кои два во земјава и по еден во Косово и Црна Гора, е зацртано во агендата на 11-годишниот планинар Ване Бошев од Неготино, кој планинари од неполни три години и досега има искачено повеќе планински врвови во државава и странство, а има освоено и бројни признанија за млад и надежен планинар.

– Од 30 мај до 4 јуни Ване ќе ги освојува врвовите Магаро на Галичица, Црн Камен на Јабланица, како и еден врв на Косово и Боботов Кук на Дурмитор, нагласија од тимот на Бошев.

Додадоа дека младиот планинар, исто така, презема активности за поставување обележја на македонски планински врвови, на кои отсуствува такво нешто.