Во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче денеска 31-ви пат ќе се одржат традиционалните Велигденски средби што секоја година ги организира Црковниот одбор на православниот храм по повод Велигден.
Средбата ќе почне веднаш по завршувањето на Велигденската литургија во црквата.
На народниот собир ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а се очекува присуство и на голем број граѓани. Најавено е дека ќе настапат Круме Спасовски, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Виданка Георгиева, Никола Костадиновски, Гоце Касаповски, Сани, како и културно – уметничкото друштво „Никола Јонков Вапцаров“ од Горно Лисиче и оркестарот „Фортуна“.
Црковниот одбор ги повикува православните верници да се приклучат кон прославувањето на овој голем христијански празник и да ја посетат црквата „Св. Петар и Павле“, чии порти се отворени за сите граѓани.