Големо знаме на Република Албанија денеска беше поставено на источната страна на Самуиловата тврдина во Охрид, веднаш зад големиот јарбол на кое е истакнато македонското национално знаме.
Случајот го забележале граѓаните кои живеат во тој дел на градот, а направените фотографии покажуват четири лица како го поставуваат знамето на тврдината. На социјалните мрежи се појави уште една фотографија на која се гледа како лице во албанска носија виори знаме на кулата на тврдината.