По настанот кој ги вознемири Охриѓани но и јавноста во Македонија, од МВР информира дека албанското знамето било постaвено од лица кои се претставиле како членови на фолклорна група а двајца од нив биле повикани во полициска станица. Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Како што се дознава лицата кои го поставиле знамето наводно сакале да се сликаат.
Дел од медиумите објавија дека фолклорна играорна група од Косово утрово го поставила знамето на Р.Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид.