Кандидатката за претседател, Силјановска Давкова денеска се сретна со претставници на „Левица“, а по средбата изјави дека била опкружена со бивши студенти кои не би можела да ги заборави.

„Разговаравме за проблемите со кои се соочува оваа држава, за можните решенија, за приоритетите, за тоа што не врзува, што не раздвојува. И кога разговарате со аргументи, со луѓе со кредибилитет, луѓе како што реков кои што никогаш не се забораваат,се помнат иако сум поминала многу генерации, тогаш мислам дека може да се договорите околу клучните прашања. И јас очекувам, се разбира јас ја почитувам процедурата, тие имаат процедура, имаат органи, ќе разговараат но јас сум голем оптимист.“ - рече Силјановска Давкова.