Денеска во граѓанскиот штаб на Силјановска Давкова, ќе се подготвуваат оброци за социјално загрозени и ранливи категории лица.
„Ве поканувам да ни се придружите! Доколку сте во можност, Ве замолувам да донесете намирници, но и да помогнете во подготовката/пакувањето на оброците.“ - напиша Давкова на својот ФБ профил.
Неколку пати се обидовме, додава Давкова, да се вклучиме во тековни активности од овој тип, но исто така не сакавме истите да ги политизираме. Затоа решивме да започнеме нова активност, која се надевам, откако ќе станам Претседателка, ќе стане традиција на која ќе се придружат и дипломати и познати личности.
„Иако првенствено ќе работам политиките кои ќе ги креираме да не создаваат сиромаштија и да нема гладни, преку вакви иницијативи очекувам да се промовира солидарност и хуманизам како темелни вредности на уставниот поредок на Македонија.Oднапред Ви благодарам на сите кои ќе го прифатите овој повик!“ - рече Силјановска Давкова.