По обвинувањата од страна на Министерството за труд и социјална политика, дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ги злоупотребила децата од СОС детското село во предизборна кампања, професорката излезе со реакција на својот фејсбук профил.
- Во обид да ја дефокусира јавноста од бегството на Пендаровски од дебатата на Алфа ТВ , дебаклот од средбата во Берлин и катастрофално влошениот имиџ на власта, "министерството за вистина" на СДСМ со злоупотреба на државни институции објави лажни обвинувања против мене како кандидатката за Претседател.
Во обвинувањето на Министерството за труд и социјала се реагира на хуманитарниот настан кој го организиравме, но не се кажува која е наводната направена злоупотреба. Имено јас со мојот тим подготвував оброци кои беа донирани во СОС Детско село. Јас сум експерт за изборно законодавство и многу добро знам дека во ниту еден дел од настанот или кампањата директно не смеат да бидат вклучени деца. Нити беа.
За разлика од мојата кампања, СДСМ на Конвенцијата на Пендаровски на сцената искористи деца спротивно на Изборниот законик и Конвенцијата за правата на детето. Истите деца со кои предходно министерката Царовска и Премиерот во политички настан ги искористија.
Потоа Г-ѓа Пендаровска учествуваше на настан кој како и нашиот имаше директни корисници деца, но за разлика од нашата кампања продуктите за настанот #солидарноопштество вклучуваа деца со што повторно директно се прекрши Изборниот законик и Конвенцијата за правата на детето.
За разлика од СДСМ и Пендаровски, мојот тим нити вклучи нити објави настани, фотографии или видеа со деца. Штитениците на СОС Детско село и СОС мајките беа крајни корисници на настанот и нашата кампања, но директно во ниту еден момент не беа вклучени.
Го повикувам СДСМ и Министерката Царовска да кажат во што се состои злоупотребата.
Дали тоа што беше донирана храна на деца без родители? Дали тоа што настанот се случи откако фондацијата дозволи храната да биде донирана или тоа што како и во многу други случаи на децата им беше искажана љубов и хуманост без воопшто да бидат објавени нивните идентитети?
Ги поканувам надлежните институции, ДИК, ОБСЕ и МТСП да ги испитаат сите случаи на злоупотреба на деца во политички цели, вклучително и Конвенцијата на СДСМ и во целокупната кампања на Пендаровски. Во спротива, реакцијата на Министерката за труд и социјала ќе ја сметам за мешање на државата и партијата и ќе доставам реакција до ОБСЕ и ДИК.
*Платено политичко рекламирање