Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во изјава за медиумите објасни зошто не ја прифатила поканата да биде дел од дебатата организирана од шарените револуционери
- Jас не знам во моментов, после речиси три години постреволуционерен молк, како одеднаш сега повторно се појави шарена револуција. Знам што е револуција, не верувам дека пратеници, советници, членови на управни одбори, носители на проекти од огромни суми, имаат легитимитет да се претставуваат како шарена револуција. Впрочем нивните ставови беа и се исти, како ставовите на мојот против кандидат. Го очекував на Телма, го очекував еве денеска требаше на Алфа, не се појави, мислам дека тој ги артикулира овие ставови. Мојата агенда е преполна, јас ги почитувам сите, но не мислам дека се тие разочараните шарени револуционери, оние револуционери коишто сметаа дека револуцијата треба да тече, а за да бидете револуционер треба да бидете, не само на пристојно растојание, туку да бидете наспроти власта. Јас на тие им се обраќам, а оваа листа што ја видов не мислам дека е репрезентативна за некој кој се нарекува револуционер. Не сум чула пратеници, министри, реков, членови на бордови, да бидат револуционери, истакна Силјановска.
*Платено политичко рекламирање