Кандидатот за претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил истакна дека денот на трудот 1-ви Мај заедно со семејството го одбележала во винаријата Сопот.
- Работата го прави човекот! Трудот треба да се цени и наградува и дома и на работа! Денес прославивме во прекрасниот амбиент на винарија „Сопот” со сопругот Баже, ќерка ми Марија и мојот тим. За многу години!, напиша Силјановска.
*Платено политичко рекламирање