Министерот за надворешни работи Никола Димитров за прв пат се вклучи во кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски откако вечерва беше дел од митингот во Охрид.

Тој пред охриѓани, водењето на државата илустративно го претстави како кајче што долго време пловело без курс, со спуштена котва, алудирајќи на спорот за името со тогашен кормилар, како што рече, сега азилант во Будимпешта.

– Бајаги време сме уште на езерото барајќи како да дојдеме до копното да здивнеме. Со кормилар сега азилант во Будимпешта немавме курс. Имавме среќа што најдовме храбар човек кој обзнани како се одвивале работите на кајчето. Слушнавме срамни работи, јас сум тука заради срамот од прислушуваните разговори и сега сум случаен политичар. Значи ние со кајчево се обидуваме да пловиме некаде… Процесот беше долг, тежок, но не само за нас. Вчера Мицотакис вели дека Договорот од Преспа е екстремно проблематичен за Грција. Не дека таму се слави. Процесот беше долг, филигрански се работеше со многу трпение, како да се покрие тоа што е најважно за нас, нашето право да сме Македонци, со македонски јазик и да си отвориме хоризонт со едра да пловиме кон иднината, истакна Димитров.

Претходно во телевизискиот дуел на Телевизија Канал 5, Силјановска му реплицираше на Пендаровски дека токму тој работел директно против го нево периодот пред избор на кандидат за Претседател а тоа го правел како што рече Силјановска одејќи по меѓународната заедница истакнувајќи документи за кои велел дека Димитров не е кредибилен да биде кандидат за Претседател, на што Пендаровски реплицираше дека тоа се чаршиски муабети.