Зголемен е бројот на болни и немоќни лица во Општина Штип, кои утре ќе го искористат своето право на глас во вториот круг на претседателски избори.

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева вели дека за разлика од првиот круг, кога гласаа 60, сега во вториот круг ќе гласаат вкупно 93 болни и немоќни лица.

-Оние што не задоцнија со пријавувањето во првиот круг, сега се пријавија и затоа имаме и дополнителн број на болни и немоќни лица, рече Андреева.

Таа истакна дека и недоверливиот и доверлив материјал веќе е пристигнат во ОИК-Штип, што се чува од страна на полицијата. Почнати се и подготовките членовите на 77 избирачки одбори веќе од утре да ги подготват гласачките места, на кои со право на глас имаат 41.722 избирачи.

Во Пробиштип утре ќе гласаат 145, а во Карбинци 15 болни и немоќни лица.

Во Затвор-Штип гласачкото место ќе биде отворено утре во 7, а ќе се затвори во 19 часот. Право на глас имаат 198 осуденици.