Претседателот на партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ, Живко Јанкуловски искажа поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.

- Почитувани граѓани,

На прагот сме да избереме жена за претседател, која ќе биде мајка на нацијата и носител на правото и правдата, a кој мора да завладеат во Република Македонија.

Со излегување во недела на 5 мај и со масовна поддршка и заокружување на бројот 2 за Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, гласаме за владеење на правото, просперитетна економија, квалификувана државна и јавна администрација, гласаме за држава во која сите ќе бидат рамноправни без разлика на нивната етничка, верска, јазична или политичка определба.

Во недела на 5 мај со гласот даден за Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова гласаме за стабилна и суверена држава, која ќе биде дел од големото европско семејство, сонот на секој граѓанин. Почитувани,

Дојде време да ставиме крај на ова владеење на СДСМ и Зоран Заев, кое што изминатите две години се покажа како лошо и катастрофално на секое поле од општеството.

Дојде време да избереме помеѓу правото и правдата од една страна или узурпирање на државата од политичари кои едноставно работат за сопствени интереси.

Гласот за Сиљановска Давкова е глас за право и правдина, а добро знаеме сите дека без тоа нема правна држава, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Додека пак гласот за Стево Пендаровски и СДСМ е глас даден за криминал и корупција, непотизам, милионски тендери во четири очи, уривање на државата и нејзините институции, притисок и уцени врз државната и јавната администрација.

Време е сите заедно рамо до рамо да се обединиме и да ја дадеме нашата поддршка за Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.

Да заокружиме број 2,

за правда во Македонија, татковината повикува!, стои во соопштението на ПОДЕМ.