Претседателот на НГИ Коалиција на Египќани Демир Далип упати јавна поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.
Во продолжение интегрален текст од соопштението во кое се изразува недвосмилена поддршка за Професорката Сиљановска Давкова.
- Брака и сестри Египкани,
Како НГИ „Коалиција на Египќаните“ јавно ги повикуваме сите Египќани кои имаат право на глас, на 5 мај масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, онака како што го сторија тоа, на 21 април, храбро, одлучно, без страв и достоинствено.
Да гласаме за правда и правичност, за рамноправна и соодветна застапеност, за владеење на правото!
Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, понуди правда, право, праведна и соодветна застапеност, владеење на правото. Тоа се круцијалните нешта, кои им се потребни за институционална интеграција на Египканите. Затоа, изборот треба да биде Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.
Оваа, можност не смее да се пропушти, бидејки назад нема. Ги охрабрувам Египканите од Охрид, Ресен, Струга, Дебар, Кичево, Битола, и од цела држава, на 5-тимај, масовно да излезат и да ја подржат Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова како и ВМРО-ДПМНЕ, како плод на нашата повеќе годишна соработка, стои во соопштението на НГИ Коалиција за Египќани.
*Платено политичко рекламирање