Во општините Дебар и Центар Жпа, во недела, во вториот круг од гласањето за претседател на Република Северна Македонија своето право на глас треба да го искористат 25.527 граѓани.
-Во единствениот избирачки список за Општина Дебар се запишани 18.574 лица со право на глас. Ќе се гласа на 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. На 21 април,кога беше првиот круг од гласањето за нов шеф на државата а во нашата општина беа спроведени и предвремени избори за градоначалник изборниот процес мина без проблеми. Очекуваме така да биде и во недела, изјави за МИА Елмира Бакали, претседателка на ОИК Дебар.
Според неа, утре во своите домови правото на глас треба да го искористат 33 болни и изнемоштени лица, што е идентична бројка како и во првиот круг од гласањето. За вториот круг, вели таа, нема ново пријавени.
Според претседателот на ОИК на Центар Жупа, Еран Зубер, во оваа општина во единствениот избирачки список запишани се 6.953 лица со право на глас.
-Во нашата општина ќе се гласа во 16 избирачки места. Од нив шест се во Центар Жупа, додека другите во селските населените места. Очекуваме, како и во првиот круг, гласањето да помине во фер и демократска атмосфера, изјави Зубер.
Во оваа општина утре правото на глас треба да го искористат три стари и изнемоштен лица или две повеќе споредено со првиот круг.
На 21 април во Општина Дебар правото на глас го искористија 44 отсто, додека во Центар Жрупа над 15 отсто од вкупниот број гласачи.