Работничко земјоделската партија преку соопштение до медиумите упати поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.
- Повик до граѓаните на Република Македонија да излезете на 5 Мај и да дадете подршка на Гордана Сиљановкса Давкова. Затоа што постои големо незадоволство кај тивкото мнозинство, но и апатија која можеше да се очекува по се што помина нашата земја. Огромното чувство на огорченост и срам, кое е присутно кај народот по уставното бришење на неговиот идентитет, не вреди веќе ни да споменува. Недостатокот кај владата на било каква визија за економски развој, или за подобрување на било која свера од животот на граѓаните,не е изненадување за никого кој активно ја следи Македонската политика.
Нешто што најлесно може да се опише со фразата "веќе видено".
Власта во свој стил повторно ги плаши граѓаните со мрачни сценарија и интриги.
Нов момент, за разлика од последните локални избори е дека кај власта и нејзиниот кандидат Стево Пендаровски сега веќе сите маски се паднати.
Со евентуална победа на најзиниот кандидат ,владеачката група конечно би добила и една своја институција на државно ново со каков-таков легитимитет.Но за нив тоа и не е толку важно бидејќи тие и онака не работат во интерес на народот,туку за свој личен интерес и затоа од таков нов претседател неможе да очекуваме ништо подобро.
Победата на кандидатката на опозицијата , пак би спречила во Македонија да се случи мрачен севкупен апсолутизам на власта,каков што имавме на пример на средината на деведесеттите. Да не заборавиме дека претстои имплементација на уште непријатни делови од договорите со Бугарија и Грција за конечно менување на историјата и целосно бришење на постоењето на Македонскиот народ.
Периодот на мачна кохабитација, во кој секој обид на новата претседателка борејќи се да го зачува достоинството на нашиот народ е дочекувано со нови напади од владеачката група која наводно влече напрен,иако е јасно дека од влез во ЕУ нема ништо, поради нејзините внатрешни кризи и замор. Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ што е евидентно, и за жал нема да биде дел од европското семејство.
Со почит,
Гоце Цветковски, Претседател на Работничко земјоделска партија, стои во соопштението.