Социјалистичката партија на Македонија со статус на својот фејсбук профил искажува поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова.
„Затоа што верувте во правото и го почитувате. Затоа што без право нема политички и економски развој. Затоа што правдата и праведноста се основа на демократијата. Затоа што само со право и правда се оди напред. Затоа што Македонија заслужува право и правда. Затоа што сакаме крај на неправдите. Затоа што сакаме да се врати достоинство. Затоа што сакаме правда во Македонија. Затоа што сакаме правда за Македонија. Затоа што сакаме еднакви и рамноправни граѓани. Затоа што бескрајно ја сакаме Македонија. Затоа што Татковината повикува. Затоа што 5-ти Мај е денот на одлуката за иднината на Македонија. Затоа Социјалистичката партија на Македонија ве повикува да гласате за Гордана Силјановска Давкова за Претседател. На 5-ти Мај гласај за Македонија!“ - напишаа на ФБ од тимот на Силјановска Давкова