Во рамки на акцијата „Еко фронт-Чиста да ни е“, што заеднички ја реализираат ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, се чистеа селата Муртино и Баница.

Екипи на струмичкото комунално претпријатие рачно и со специјална механизација направија „генералка“ во двете населени места.

Во Муртино покрај чистењето, се изврши и миење на улиците, а се расчистија и каналите во селото, а во Баница исто така се чистеше и се собираше сметот од улиците.

Пролетната акција за чистење во Општина Струмица трае подолго и досега се исчистени повеќе диви депонии во околината на градот и населените места, а во наредниот период ќе продолжи со чистење во селата.