Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во последната телевизиска дебата пред изборите со жестока критика го нападна нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски и го обвини за низа негови постапки во врска со неговиот работен ангажман во Министерството за внатрешни работи како и во кабинетите на поранешните претседатели Црвенковски и Трајковски.
-Вие се што сте правеле за овие 20 години било само за кариера. Со сите сте биле, се сте извршувале. Дури не сте советувале да речеме и кај сте биле кога е прекината замислете постапката за истрагата обидот за убиство на претседателот Глигоров, не знам што сте советувале. Вие сте човекот кој не се качи во авионот со претседателот Трајковски. Вие сте човекот кој што учествуваше во она што се случуваше во Тетово и Гостивар за настаните. Вие сте човекот кој веројатно сте советувале Бранко Црвенковски да го разреши Никола Димитров, нагласи Силјановска.