Кандидатот за Претседател Гордана Силјановска Давкова во дебатата на Телевизија 24 пред гласањето во недела истакна дека требало Европската Унија да реагира за да конечно премиерот сфати дека не му е местото како прв човек на телото за судски реформи.

- Ние во овој период говориме за почеток на преговори со ЕУ, но оценката е доста глума, со демократи, доста актери, промени на Западен Балкан нема. Потребни се радикални реформи, почеток на преговори нема да има. И пораката е, прво поднесете оставка на функцијата претседател на телото за судски реформи оти тогаш нема реформи, тогаш нема независно судство, а потоа ќе зборуваме, истакна Силјановска.