Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во телевизискиот дневник на Алфа телевизија вечерва од Охрид порача дека на изборите ќе се случи она што е секојдневие во Република Македонија, а тоа секојдневие ќе биде потврдено на 5 мај, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Гордана Силјановска Давкова за претседател на Република Македонија, победува Митре овде во Охрид како градоначалник на градот Охрид.
Мицкоски вели дека се останато што ќе биде поразлично од победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде или некаков изборен инженеринг или тежок фалсификат што ќе се случи во Република Македонија