Кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова попладнево оствари средби со жителите на Маџари, Хиподром и Гази Баба, каде порача дека на 5 мај ќе победи правдата и правото.

Според неа, за овие две и пол години власта не направила ниту една значајна реформа која ќе биде од значење за граѓаните, освен промената на уставното име на државата.

– Власта секогаш го кршеше правото за свои цели и интереси, но на тоа треба да се стави крај, а нивниот крај ќе биде на петти мај. Но, истовремено петти мај ќе значи и почеток на право и правда која ја немаше овие две ипол години, додаде Силјановска Давкова. Ги повика граѓаните да излезат масовно да гласаат бидејќи, како што рече, иднината е во нивните раце, во нивниот глас, да одлучат во каква земја заслужуваат да живеат.