Во три општини во гостиварскиот регион денеска гласаат 43 болни и пет лица кои се во домашен притвор.
Во општина Гостивар денеска започна гласањето во вториот круг и според ОИК правото на глас први ќе го искористат дваесет (20) болни и изнемоштени лица. Во избирачкиот список има 79. 411 гласачи.
Во општина Врапчиште денеска избирачкото право ќе го искористат шест лица кои заради здравствени пречки се пријавиле во општинската изборна комисија и петмина граѓани кои се во домашен притвор. За гласање во вториот круг запишани се 25.594 граѓани кои правото на глас ќе го остварат на 39 избирачки места.
Во општина Маврово-Ростуше правото на глас ќе го искористат седумнаесет (17) болни лица.На територијата на општина Маврово Ростуше има 9. 721 граѓани со право на глас кои ќе гласаат на 39 избирачки места.
Од општинските комисии потврдија дека се обезбедени сите услови за спроведување на вториот круг од изборите за претседател.