По повод 116 годишнината од смртта на македонскиот револуционер-великан Гоце Делчев, делегација на прилепската локална самоуправа, предводена од градоначалникот Илија Јованоски и делегации од политичките партии и граѓани денеска изутрината положија свежи цвеќиња пред спомен бистата на Гоце Делчев во дворот на основното училиште, што го носи неговото име.

Свежи цвеќиња делегациите положија и пред споменикот на Пере Тошев, во центарот на градот, одбележувајќи 107 години од неговата смрт.

Воедно, денеска делегација на локалната самоуправа, прилепските пратеници Хари Локвенец и Кети Смилеска, на ОО на СДСМ се поклонија и свежи цвеќиња положија и пред бистата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, поставена во меморијалниот музеј „11 Октомври“ одбележувајќи 39 години од неговата смрт.