Во општините Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила, слободно и мирно се гласа.

До 10 часот на подрачјето на Општина Битола гласале 9,34 насто од вкупно 81.738 гласачи, во Општина Демир Хисар гласале 11 насто од вкупно 6.955 гласачи, во Општина Новаци гласале 9,56 насто од запишаните 2.959 избирачи, додека во Општина Могила до 10 часот на гласање излегле 6,02 проценти од 5.282 односно вкупниот број гласачи евидентирани на Единствениот избирачки список.