Во општините Дебар и Центар Жупа, до 17 часот изборниот ден минува без никакви проблеми, нема прговори ни забелешки околу изборниот тек.

Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 4.239 лица со право на глас или 23 отсто од вкупно запишаните граѓани. Во првиот круг гласале 6.737 лца или 36 отсто.

– Членовите на Општинската изборна комисија во текот на денот прават обиколка на сите 27 избирачки места и до сега не се забележани никакви недоследности во текот на гласањето. Се надеваме дека така ќе биде до крај, вели Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.

Според претседателот на Општинската изборна комисија во општина Центар Жупа Еран Зубер до 17 часот на гласање излегле 1.082 лица со право на глас, или 16 отсто.

Пред две недели до 17 часот правото на глас го искористиле 881 лица или 13 отсто.

Изборите во двете општини ги следат и набљудувачи на граѓанската асоцијација МОСТ, а дел од избирачките места посетија и набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.


Администратор
05/05/2019 17:29