Во Општина Кичево на два часа пред затворањето на гласачките места, односно до 17 часот, своето право на глас го оствариле 14.314 избирачи или 28,46 проценти.

-Изборниот процес и натаму се одвива во мирна атмосфера и без никакви проблеми, рече Антигона Сефери, претседателка на ОИК – Кичево.

Споредбено со првиот круг од претседателските избори скоро идентичен е бројот на излезност на гласачи на општинско ниво за истиот период.