Во Општина Крива Паланка до 17 часот на гласање во вториот круг на претседателски избори излегле 61 отсто од вкупниот број граѓани запишани во Единствениот избирачки список, изјави претседателот на Општинската изборна комисија Крива Паланка, Душко Арсовски. Право на глас во Општина Крива Паланка имаат 16.982 граѓани.

-Во Општина Ранковце до 17 часот гласале 58,56 отсто од вкупниот број гласачи, информира Билјана Тасевска, заменик-претседател на ОИК, Ранковце.

Во Општина Ранковце граѓаните своето прво на глас можат да го остварат на 13 избирачки места, а право на глас имаат 2.971 граѓанин.


Администратор
05/05/2019 17:41