Полициските службеници од Отсекот за превенција при Полициската станица –Штип денеска Денот на полицијата го одбележаа заедно со учениците од средното државно училиште за специјално образование и воспитание (ДСУ)„Искра“.
Полициските службеници и средношколците со посебни потреби од училиштето „Искра“ заеднички играа пинг-понг, пикадо и кошарка. Началникот на отсекот за превенција во Полициска станица-Штип, Ангелчо Стојановски вели дека целта на денешните заеднички спортски игри е учениците од училиштето „Искра“ поблиску да се запознаат со полициските службеници и да ги вклучат во сите кампањи, кои ги имаат и во останатите училиште во Штип.
-Ова е се со цел децата да не спознаат нас полицијата, како нивни заштитници, да не се плашат од нашите колеги и кога ќе имаат некои безбедносни проблеми слободно да им пријдат на нашите службеници и да им ги пријават. Значи заеднички да ги решаваме и превенираме проблемите, вели Стојановски.
Наставниот кадар во средното специјално училиште „Искра“ се задоволни што денеска учениците добија големо внимание од страна на полициските службеници преку спортските игри и дружењето.