Голем број верници попладнево излегоа на струшките улици да им оддадат почит на моштите на Свети великомаченик Георгиј Победоносец. Традиционално, молитвената поворка тргна од црквата „Свети Георгиј“ и продолжи низ централното градско подрачје, од другата страна на реката Дрим.

Предвидено е поворката, која покрај моштите, ги носи и чудотворните икони на Свети Георгиј и Пресвета Богордица – Крнинска, да помине низ Чаршијата и повторно се врати во храмот каде верниците ќе се поклонат.

Според сестра Ефтимија од манастирот во Рајчица, Струшката литија ги обединува различните народи и култури, но има и хуманитарен карактер. Граѓаните што доаѓаат, според традицијата, собираат средства за да им помогнат на сиромашните и болните.

-Собрани сме во Струга за да му се поклониме на светиот Георги Победоносец. радоста е голема, особено за стружани кои се наши гостопримливи домаќини, но не помалку весели се и онбие што дошел од сите градови на земјата, но и од соседните држави Бројот на пристигнатиот марод е навистина голем, како што доликува на валва манифестација која е дел од нашето нематеријално културно наследство и не претставува низ целиот свет. Затоа треба секоја година да доаѓаме во поголем број во Струга, истакна Ефтимија.

Сара Наумоска, облечена во носија од Дримколскиот крај, и другите присутни верници, со цветни ливчиња им оддаваа почит на моштите и ги поздравуваа со „Христос Воскресе – Навистина Воскресе“.

-Празникот за мене е големо богатство. Тука доаѓам да им се поклонам и да им се помолам на моштите на Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона. Сите луѓе доаѓаме со иста цел, да се помолиме, рече Наумоска.

Церемонијално, на литијата и претходни полициско возило. По него дефилира коњаник облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали.