Во Гевгелија денеска се одржа трета обука во рамки на проектот за развој на малите и средни претпријатија на тема „Основни менаџерски вештини“ на која учесниците имаа можност да се запознаат со вештини за управување со проектен циклус, за дизајнирање и управување, како и со комуникациските и презентациските вештини на претприемачите.
Учесниците на обуката ја истакнаа потребата од подобра комуникација меѓу малото стопанство и образовните институции затоа што се потешко локалното стопанство наоѓа стручен кадар со вештини кои одговараат на потребите на пазарот на труд.
Покрај квалитетното и соодветно образование, дел од учесниците на обуката истакнаа дека и усогласувањето на понудата и побарувачката на пазарот на трудот претставува можност за намалување на миграцијата која се повеќе го зафаќа и југоисточниот регион од државата.