Во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово, денеска се одржа панихида за осумте загинати припадници на полицијата кои учествуваа во вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во 2015-та година. Панихидата ја организираше Здружението на бранители од Куманово „Бранители 2001“.
– Македонските безбедносни сили се судрија со добро организирана терористичка група, во таа борба загинаа осум припадници на безбедносните сили, го дадоа својот живот за Македонија. Во нивна чест свештениците ќе одржат панихида, да се помолиме за нивните души, да упатиме порака дека секогаш ќе има луѓе кои ќе застанат на браникот на татковината, изјави Предрад Петрушевски Бинго, од здружението „Бранители 2001“.
Во престрелките животот го загубија Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“, а 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.