Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Александрович Баздникин. соопштија од одделението за односи со јавност од општината.

Средбата се реализирала во рамките на Меѓународната конференција на тема „Русија – Северна Македонија: јазик, историја, култура, образование“. По тој повод во посета на општината беа и учениците и професорите вклучени во проектот за соработка помеѓу Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово и Гимназијата No.13, Невски реон од Санкт Петербург.

Кумановската гимназија беше домаќин и организатор на Меѓународната конференција која се одржа во Занаетчискиот дом, под покровителство на градоначалникот и Секторот за образование при Општина Куманово на кој се обратија, амбасадорот, градоначалникот, директорката на гимназијата Марија Тодоровска.

Во програмата на конференцијата беше опфатена богата содржина од музички изведби, поеми, говори за особеностите на воспитната дејност, реализацијата на проекти и руско-македонската соработка. Во рамки на Меѓународната конференција свечено беа доделени дипломи и награди за победниците на 12- тиот Меѓународен Фестивал за детско литературно творештво.