Со Отворен ден под мотото „Што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина-Љубов”, Црвениот крст во Кичево го одбележа 8-ми Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Денот е во чест на основоположникот на оваа движење, Анри Динан, кој е роден на 8. мај 1828 година.

-На градскиот плоштад организиравме Отворен ден. Посетителите имаа можност да се запознаат со активностите кои ги спроведува нашата организација, да извршат контрола на крвниот притисок и да се информираат за правилен пристап и помош при итни незгоди, изјави Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево.

На настанот, додаде, беше овозможено во Црвениот крст – Кичево да се приклучат и нови, идни волонтери.