Млади кичевчани од разни националности денеска во Кичево реализираа активност за разубавување на градскиот плоштад, со бојадисување на плочките на шеталишето.
-Нашата активност има за цел да се сплотиме како млади од разни националности преку заеднички проекти кои се помогнати од УСАИД, вели Албина Сефадини, додавајќи дека тие се трета генерација која спроведува вакви активности слични како денешната за добробит на општеството.
Во денешната акција на младите кичевчани им се приклучи и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари, кој ја поздрави акцијата и изрази подготвеност да им помогне на младите во реализацијата на нивните замисли.