На плоштадот „Гоце Делчев“ денес се одржа сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“ во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
На натпреварот учествуваа 30 ученици од основните училишта од општина Струмица, поделени во две возрасни групи, чии знаења се проверуваа преку решавање тест и со вешто возење велосипед на посебен полигон.
-Сообраќајните натпревари на учениците од основните училишта имаат за цел пошироко да ги ангажираат учениците за стекнување и проширување на знаењата од областа на сообраќајно-техничката култура, како завршен дел од работата на сообраќајно-техничкото образование и воспитување на учениците изведена низ редовните наставни содржини и воннаставни активности, рече Миле Стојменов, член на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Најдобрите ученици од денешниот натпревар ќе бидат во состав на општинска екипа која ќе учествува на регионалсниот натпревар.