Во рамки на проектот „Избери ја Европа“, голем број млади од општина Бутел заедно со градоначалникот Велимир Смилевски учествуваа на дводневен семинар во Белград.
Целта на проектот е да се поттикнат и охрабрат младите од 15 до 29 години поактивно да се вклучат во процесите на донесување одлуки на сите нивоа во својата држава, со што би прераснале во главни носители на промените и изборите во државата, а со самото тоа и во Европската Унија.
Во поддршка на проектот „Избери ја Европа” Општина Бутел соработува со белградската општина Врачар, невладината организација „Интеркултура” од Скопје, Делегацијата на ЕУ во Србија на чело со Сем Фабрици, како и општини и организации од Словенија, Србија, Босна и Херцеговина.