Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети реконструираниот објект на СВР Битола каде што ќе оствари работна средба со раководството.
Во рамки на посетата на Битола планирано е Спасовски да се сретне со битолската градоначалничка Наташа Петровска, како и со претставници на Локалниот совет и Советот за превенција.