Во рамки на манифестацијата „Недела на заедничка молитва“ денеска во Градскиот парк се одржа настанот „Заедно за чиста животна средина“, при што претставници на верските заедници засадија дрва, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Посочија дека со заедничката активност ја истакнуваат грижат за животната средина.
– Верските заедници како морален авторитет во општеството градејќи меѓусебна соработка и пријателство мора да преземаат заеднички проекти за подигање на општествената свест за екологијата, истакаа од Комисијата.