Во центарот на Гевгелија, 150 матуранти од СОУ ,,Јосиф Јосифовски" денеска точно на пладне го одиграа познатиот квадрил од Штраус како дел од „Матурската парада" која годинава се одржа по 13 пат.
Тие, со своите врсници од неколку градови во земјава и 70 града од десетина европски земји го славеа матурирањето со парада на младоста која беше полна со позитивна енергија, оптимизам и толеранција како најважни карактеристики кои би требало да ги следат во нивниот понатамошен живот и продолжувањето на образованието на некој од универзитетите во земјата и странство.
Пред почетокот на матурскиот танц, гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков им посака на матурантите лична среќа и успех во понатамошното школување,храброст и остварување на сите нивни желби и убави нешта во животот.
-Вие денеска затворате една од најубавите страници во животот,но истовремено отворате нова страница која треба да ве воведе во светот на возрасните,полн со сите предизвици што ги носи животот,нагласи Поцков.