Во рамките на денешниот Отворен ден на полицијата од Кавадарци, се изврши показна вежба и едукација за најмладите кавадарчани, околу возилата со првенство на минување, возило на итна медицинска помош, полиција и противпожарна единица.

-Децата од градинка имаа можност да слушнат кои се задачите на овие три служби, на кој телефонски број може да повикаат ако им затреба нивна помош. Тие исто така имаа можност да влезат во специјалните возила, да ги погледнат и слушнат нивните звучни сирени, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Настанот беше организиран во малиот парк спроти полициска станица.На оваа показна вежба и претходеше едукација во сите детски градинки во Кавадарци, на тема, ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.