Во пресрет на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј – 24 Мај, денеска во Општина Тетово празникот беше одбележан со оддавање признанија за придонесот на просветените работници во унапредување на образованието во градот.
Градоначалничката Теута Арифи им додели признинија на Мирјана Матовска, Љубинка Ивановска, Коца Рафајловска, Богдан Младеновски, Томислав Тимосиевски, Мирко Станојевиќ, Драшко Илиевски, Борис Стојановски и на Ѓорѓи Јефтоски.
Посебна Плакета за развој на образованието и промоција на градот Тетово преку меѓународната соработка со голем број училишта ширум Европа доби Небојша Трпковски, директор на Средното стручно училиште „Моша Пијаде“.
-Општината со оваа свеченост дава придонес името и делото на браќата Кирил и Методиј вечно да се паметат и да се пренесуваат на идните генерации. Чествувањето на сесловенските просветители треба да биде празник на културата ,солидарноста и единството на сите словенски народи. За напредокот на образованието во сите училишта во Тетово говори фактот на освоени безброј награди на учениците на општински и регионални натпревари, како и дека во образовниот процес се воведува дигитализацијата, истакна во пригодниот говор градоначалничката Арифи.
На свеченоста во зградата на Општина Тетово настапија и Женскиот младински хор „Менада“ и ученици од Музичкото училиште „Тодор Скалоски Тетоец“.