Вкупно 250 палми беа поставени во Охрид во 2016 година. Во текот на вчерашниот ден по насока на Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, општинските служби започнаа со нивно остранување.

Од општината велат дека тоа е еден од забелешките на УНЕСКО, но и изградбата на минарето е една од клучните забелешки на оваа организација па и понатаму се продолжува со градба на оваа дивоградба.

- Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески издаде работен налог до ЈП „Охридски Комуналец” за отстранување на палмите од потегот на кејот Македонија и на потегот од каналот Студенчишта до поранешен хотел „Парк“, се вели во соопштението од општината.