Најстарата штипска културна манифестација Штипско културно лето (ШКЛ) годинава ќе ја отвори оперскиот анасамбал од Осијек, Република Хрватска. Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов, кој ја презентираше прогарамата на 34-то по ред ШКЛ вели дека годинава на програмата ќе имаат 17 содржини, а манифестацијата ќе се одржи од 29 јуни до 30 јули.
-Операта „Паноника“ пред штипската публика ќе го отворат Штипско културно лето со операта „Боеми“ од Џакомо Пучини. Мислам дека ќе биде интересно и забавно за самиот старт, а потоа ќе следуваат разновидни содржини, тргнувајќи од ликовни изложби, Владимир Темков познат македонски сликар, потоа ќе имаме изложба на фотографии, ќе имаме музички програми и театарски претстави, вели Панајотов.
Најстарата штипска културна манифестација ја финансира Општина Штип, годинава од буџетот на Општината планирани средства за да се потрошат за 17 содржини изнесуваат 350.000 денари.