Крајниот рок за поднесување на барање за секаков вид на субвенции во земјоделство за оваа 2019 година, истекува на 30 мај, а во Пoдрачната единица на МЗШВ во Велес до денес аплицирале над 1.500 од вкупно 3.300 регистрирани земјоделци од поширокиот велешки регион во кој се вклучени и земјоделците од Општините Велес, Градско и Чашка.
Како што изјави за МИА, Зоран Наковски раководител во ПЕ на МЗШВ поради екот на земјоделските работи најголем дел од земјоделците се зафетени и затоа деновиве во нивните канцеларии има голема навала на земјоделците кои сé уште не аплицирале.
Тој потсетува дека аплицирањето може да се изврши и елотронски, но и констатира дека поради електронската неедуцираност најголем дел од земјоделците кои се од повозрасната генерација и понатаму практикуваат да аплицираат со доаѓање во нивната канцеларија во Велес.
Што се однесува на тутуноприозводството со евиденцијата која е веќе завршена, евидентен картон за производство на тутун за годинава склучиле 1.031 земјоделец во поширокиот велешки регион што е за само осумина помалку од лани кога биле евидентирани 1.039 тутунопроизводители.
Воедно информира дека тутунот на велешките ниви кој и годинава е застапен приближно на иста површина колку и лани веќе е засаден на 90 проценти од површините.
-Засадениот тутун во велешко добро напредува и се очекува првата берба да биде некаде во втората половина на јуни, најави Наковски.