Косовскиот амбасадор во нашата земја Ѓерѓ Дедај попладнево беше во посета на Дебар, при што оствари средба со градоначалникот Хекуран Дука.
-Тоа беше една срдечна и братска средба. Разменти се мислења околу соработката во сите области, посебно за интензиврање на веќе воспотавената соработка со косовскиот град Ѓаковица, кој е збратимен град со Дебар, информираа од Општина Дебар.
Посочуваат дека на средбата соговорниците се потсетиле на времето кога Дебар прифати повеќе илјади косовски бегалци за време на косовската воена криза во 1999 годна.