Македонска Каменица и манастирскиот комплекс „Еленец” и годинава во село Цера ќе ги пречекаат најспремните домаќинки, кои се уште ги знаат тајните на подготвување баница под вршник. На настанот „Бабина баница”, како што информираат организаторите од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, се очекува присуство на околу 1.000 пензионери од неколку здруженија од државата.

-Овој настан оваа година има Интернационален карактер бидејки ќе биде збогатен со учесници од соседните Република Бугарија и Република Србија. Ги покануваме сите љубители на Македонската култура и традиција да повелат на 2 јуни оваа недела и заеднички да ја проследиме оваа манифестација, информираат организаторите.

Додаваат дека настанот и годинава е поддржан од општина Македонска Каменица од каде ќе ги наградат домаќинките со најдобро приготвените баници, а ќе организираат и заеднички ручек за сите посетители.

Манифестацијата „Бабина баница” е еден од најпосетените на Еленец. Минатата година на настанот присуствуваа околу 3000 посетители од целата држава. вс/сст/