Членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во земјава за 2019 година, денеска ја посетија општина Велес. Преку презентација на видео тие се запознаа со најамбициозниот проект за развој на градот „Велес –Паметен град 2019-2030“.
Како што информираат од Општина Велес, дваесетте членови на Асоцијацијата од 11 земји, се запознале и со културно историските споменици на градот.
–Посетата се реализира согласно Програмата за соработка на Министерството за одбрана со Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Северна Македонија, информираат од Општина Велес
Во рамки на посетата, гостите беа и во посета на касарната „Алексо Демниевски – Бауман”, односно на Командата за обука и доктрини- КОД.
Како што информира за МИА Златко Данилов портпарол на КОД, гостите- членови на Асоцијацијата на одбранбени аташеа преку видео презентација се запознале со мисијата, задачите и идните планови на КОД.