Во рамки на подготвките на комбинираната здружена вежба на воените сили на САД и РСМ, денеска во посета на Гостивар беа претставници на Канцеларијата за воена соработка со САД – Европска команда.

На средбата, на која покрај градоначалникто Арбен Таравари, беа и претставници на Министерството за одбрана на РСМ, на раководството за организирање на воената вежба и СВР Тетово – Полициската станица во Гостивар се разговарало за успешна реализација на вежбата наречена „Одлучен удар”.

– Им благодарам на гостите што го избраа Гостивар за реализација на оваа воена вежба која ја отсликува соработката во областа на безбедноста на земјата со нашите западни сојузници, особено со САД. Ние како Општина ќе ги ставиме на располагање сите расположливи капацитети и оваа здружена воена вежба ќе ја има нашата максимална логистичка поддршка, рече градоначалникот Таравари.

Комбинираната воена вежба во Гостивар ќе се одржи на 1 јули и вакви воени маневри ќе се одржат и во седум други градови во земјава. На градскиот плоштад ќе бидат изложени воени средства на армијата на САД и нашата армија.

Градоначалникот Тараври доби покана да присуствува на вежбата на воениот полигон Криволак на 17 јуни.