Здружението „Нефрон“ денеска пред студентите на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ја презентираше кампањата „Биди донор-биди херој“ за подигање на свеста за органодарителството.

Душко Ѓоргиев од здружението „Нефрон“ вели дека целта на кампањата е да се намали бројот на пациенти на дијализа, а да се зголеми бројот на таканаречените катаверични трансплантации на бубрег од мртов донор. На овој начин може да се спасат повеќе пациенти кои со години се врзани за апаратите за дијализа.

– Со донирањето се подобрува животот на самите пациенти.Не само што не се врзани за апаратите за дијализа, но и финансиските средства за тоа Фондот драстично ќе ги намали. На пример, пациент кој 40 години е врзан за ваков апарат чиј трошок за овој деценски период достигнал милион евра, со донирањето на бубрег, трошокот е само 13.000 евра.